Вести Свет

НАТО формираше нов фонд од 1,1 милијарда долари наменет за инвестиции во европски стартап компании

Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија.

Холандското Министерство за економија соопшти дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во јули.

Очекуваме дека лансирањето на овој фонд во Холандија ќе им олесни на иновативните холандски стартапи да го пронајдат својот пат до капиталот, преку стимулирање решенија и за социјалните и за воените проблеми, се вели во соопштението.

Најавувајќи го овој фонд минатата година, Алијансата соопшти дека меѓународниот фонд треба „да ги обедини владите, приватниот сектор и академската заедница за да ја зајакне технолошката предност на НАТО“. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе