Вести Свет

Членките на ЕУ постигнаа договор за испраќање на 1 милион гранати во Украина до крајот на годината

Земјите членки на ЕУ вчера усогласија план за испраќање на еден милион гранати во Украина во следните 12 месеци. Артилериската муниција ќе биде обезбедена од воените резерви на земјите членки, но и преку здружување на повеќе држави за набавка на гранати за Украина, објави Еурактив.

Договорот се состои од троделен план, во кој меѓу другото се предвидува една милијарда евра за набавка на гранати од постојните резерви и уште една милијарда за купување нови. За муницијата од воените резерви на земјите членки ќе им биде платено 50 до 60 проценти од нивната вредност.

Вториот дел од договорот предвидува во следните 12 месеци да се забрзаат на процедурите на испорака и заедничка набавка на артилериска муниција во износ од еден милион парчиња за Украина.

Целта на третиот дел од планот е долгорочно зголемување и зајакнување на производството на муниција во европската одбрамбена индустрија за да се обезбеди постојано снабдување на Украина со муниција.

Земите членки се согласиле итно да испорачаат артилериска муниција со калибар од 155 милиметри за Украина, како и ракети, ако тоа биде побарано од Киев, и тоа најдоцна до 30 септември оваа година. За таа цел на вчерашнито министерски состанок група од 17 земји членки потпишаа предлог спогодба за заедничка набавка на муниција од тој калибар преку Европската одбранбена агенција. Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, по состанокот изјави дека и други земји најавиле подготвеност да се вклучат во спогодбата, а тоа не го направиле сега од практични причини или затоа што нивните минситри не можеле да присуствуваат на вчерашнито состанок.

Покрај набавка на муниција преку Европската одбамбена агенција, на земјите членки ќе им биде дозволено да формираат конзорциуми од најмалку три членки за заедничка набавка на муниција за Украина. Германскиот министер за одбана Борис Писториус, најави дека и неговата земја ќе се приклучи на оваа иницијатива, како и дека Берлин ќе дозволи учество и на други партнери во сопствените национални рамковни договори со одбранбената индустрија, затоа што брзината на испораките за Киев е од клучна важност.

Нашата цел е да доставиме значителна количина на муниција во Украина пред крајот на оваа година, рече Писториус.

Дел од членките кои не ја потпишаа предлог спогодбата тоа го направија затоа што во неа се предвидува набавката на муницијата да биде само од производители во земји членки на унијата и од Норвешка, исклучувајќи производители од трети држави. Ова прашање беше голем камен на сопнување, особено за Холандија и Италија, според Еурактив. Министрите за надворешни работи и одбрана побараа од ЕК да излезе со конкретни предлози за зголемување на производството во европската одбранбена индустрија, обезбедување на ланците за снабдување, подготвување на ефикасни набавни процедури, да се надминат недостатоците во производствените капацитети, да се поттикнат инвестициите, вклучувајќи и преку мобилизирање на европскиот буџет, во ситуациите во кои тоа би било соодветно.

Земјите членки исто така размислуваат и за зголемување на финансискиот праг на Европскиот мировен фонд за 3,5 милијарди евра, кое најверојатно ќе треба да биде одобрено до европските лидери на самитот подоцна неделава, затоа што само првите два дела од планот ќе го надминат договорениот во декември праг, кој пак беше предвиден за целата 2023 година.

Треба да признаеме дека еден милион гранати е минимумот кој на Украина ѝ е потребен, но тоа сѐ уште е далеку од тоа што ѝ е потребно на Украина за да се направи некаква разлика на терен и да се поддржи украинската офанзива, рече естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинслау.

Но, експертите посочуваат дека Украина се соочува со долга војна. Запрашан дали плановите за заедничка набавка на муниција може да се примени и за обезбедување на потешко оружје, Борел рече дека ЕУ може да биде исто толку брза и за обебзедување на други потреби.

Ако овој оперативен модел се покаже како функционелен, може да биде реплициран и за други видови на муниција и други видови на оружје, рече Реинслау.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе