Вести Македонија

Власта го затвара прашањето за предвремени избори

Предвремени парламентарни избори нема да има. За власта, ова прашање е затворено од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ, и покрај најавите, не успеала да собере 61 пратеник, а мнозинството пораснало на 65 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште верува дека има шанси да се организираат предвремени избори до крајот на мај или почетокот на јуни. Доколку овие рокови поминат, следен термин за кој треба да се размислува е истиот ден кога ќе се одржат редовните претседателски избори.

СДСМ не се откажува од техничката Влада бидејќи ги почитува коалициските договори. Ковачевски, кој случувањата  во ДУИ ги смета за внатрепартиска кампања, изрази подготвеност кога ќе дојде време, да ја отстапи премиерската функција.

Според Законот за Влада, 100 дена пред изборите се формира техничка Влада во која учествува и опозицијата. Џентлменскиот договор меѓу СДСМ и ДУИ од 2020-та година е премиерот да биде од албанската заедница.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе