Вести Македонија

Констатирана оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја констатираше оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО. Денешната 106. седница ќе продолжи во 14 часот во очекување на извештајот од ДИК за тоа кој пратеник ќе дојде на местото на Рушити.  

Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на седницата исто така кажа дека од дневниот ред е повлечена и одлуката за испраќање наши војници во мисијата во Либан.  

На оваа нова собраниска седница има предложени повеќе точки, а меѓу нив е и Законот за здравствено осигурување со чии што измени ќе се овозможи решавање на проблемот со набавка на лекот „трикафта“ за лицата болни од цистрична фиброза. 

Исто така, Собранието треба да расправа за избор на уште една уставна судијка Елизабета Дуковска, а на дневен ред е и законот за амнестија за лицата од настаните на 27 април во Собранието.

Претходно денеска на прес-конференција пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бара повлекување на Законот за игри на среќа и Законот за лекови и за медицински средства од дневниот ред на седницата. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе