Вести Свет

Групата „Вагнер“ со оглас за регрути на Порнхаб: Престани да мастурбираш, дојди да се бориш за нас

Руската платеничка група „Вагнер“ објави оглас на Порнхаб, најголемиот порнографски сајт на интернет, во обид да регрутира нови борци и да ги засили своите единици за војната на Русија во Украина, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Оние кои ќе пристапат на сајтот со порнографска содржина од Русија, без користење на ВПН и софтвер за блокирање на огласи, ќе видат видео во кое „Вагнер“ ги повикува да се придружат на групата платеници „наместо да уживаат во порнографија“, пренесува РСЕ на англиски јазик.

Текстот на огласот со вулгарен јазик вели дека „Вагнер“ бара регрути од „цела Русија“.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин потврди дека е објавен оглас на Порнхаб.

„Објавувањето на оглас на порно сајт е добра идеја на нашите стручњаци за маркетинг. Во целост се согласувам со нив. Во огласот се вели „Престани да мастурбираш, оди, бори се за приватната компанија „Вагнер“. А, кој не се согласува со тоа?“, се вели во изјава на Пригожин на Телеграм каналот.

„Вагнер“ е платеничка група чиј коосновач близок до Кремљ, Пригожин кој е познат по прекарот „Куварот на Путин“, бидејќи неговата компанија даваше кетеринг услуги на рускиот претседател Владимир Путин.

Членовите на платеничката група, со илјадници регрутирани во затворите во Русија, активно се вклучени во инвазијата во Украина која почна во февруари лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе