Вести Македонија

Социјално најзагрозените се најподложни на туберкулоза – болест на минатиот век, но за нив реалност

Се бројат имињата на луѓето испратени на тестирање за туберкулоза кои живеат во групни домови во прифатен центар, а надлежните во потрага по логични причини и објаснувања – зошто ваква болест на минатиот век е актуелна и денес. Медицинарите не располагаат со комплетни податоци за медицинското минато и вакциналниот статус на сите поврзани со случајот на дете болно од туберкулоза од прифатилиштето. Кај некои од луѓето има белег, кој укажува на имунизираност. Некои не се ниту родени во здравствена установа. Педијатрите анализираат дека превенцијата е најважна.

Туберкулозата веќе не е болест на малите деца, таа е болест и на возрасните кај кои се јавува доста често. Антиваксерскиот бран е доста силен, а некогаш дури и ги нема потребните количини на БСЖ-вакцина за да бидат ставени во родилиштата и треба буквално да се внимава од страна на педијатрите и лекарите коишто работат со децата, за вакциналниот картон да биде исполнет токму со оваа вакцина, овој препарат којшто навистина дава помош и е еден вид на превенција, за разлика од лекарствата коишто се туберкулостатици, вели д-р Ангелчо Андоновски, специјалис педијатар.

Болест на сиромашните – туберкулозата вака се опишува. Ја има онаму каде што социо-економските услови се најлоши, кај групата на граѓани кои се најизложени на нехигиена, неухранетост и кои за здравствениот систем се анонимуси.

Голем дел од таа група на граѓани за жал се изложени на поголем ризик и тука влијаат најразлични фактори. Морам да признаам дека голем проблем се лицата коишто немаа лична документација и се со привремен матичен број, немаат пристап до здравствено осигурување и социјална заштита. И пандемијата го направи своето. Изостануваат и патронажните посети коишто треба да бидат по породувањето на жените, за да ги информираат за навремена вакцинација, да ги советуваат и да ги упатуваат, вели салија бекир халим од здружението „иницијатива за правата на жените од шуто оризари“.

Вчера, од Институтот за белодробни заболувања информираа дека над дваесет деца и нивните родители ќе бидат тестирани за туберкулоза – малите во Козле, а возрасните на Клинички. Оваа бројка е со тенденција на пораст, затоа што сите тие иако не живееле во еден ист дом во прифатниот центар, сепак секојдневно поминувале време заедно и имале блиски контакти кои допрва се појавуваат.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе