Вести Свет Топ вести

Рускиот амбасадор во САД повикан во Стејт департментот по инцидентот над Црното Море

Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов беше повикан во Стејт департментот по инцидентот со американскиот дрон кој се урна во Црното Море. Целта беше директно, на високо ниво, да биде пренесат американскиот став, откако Европската команда на американските вооружени сили соопшти дека американски дрон се урна во Црното Море по судир со руски борбен авион Су-27 кој го пресретнал леталото во меѓународен воздушен простор.

Руските власти претходно ја демантираа таквата информација и соопштија дека немало никаков контакт со американското беспилотно летало, како и дека тоа самото се урнало поради изведување остри маневри. Амбасадорот на Русија во САД, Антонов, пак, по средбите во Стејт департментот порача дека Русија не сака никаква конфронтација со САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе