Вести Македонија

Производителите на леб бараат државата финансиски да им помогне на сиромашните наместо да ја замрзнува цената

Замрзнувањето на цените на производите не може да трае вечно особено во општество каде владее пазароот.

Од организацијата на работодавачи велат дека ваквиот чекор поскапо ја чини државната каса отколку да се преземеше обврска со која ќе се одвоеа средства со кои ќе им се помогне на најзагрозените.

Претседателот на Организацијата на работодавачите, Ангел Димитров, во изјава за ТВ24 предлага наместо замрзнување на цената на лебот владата да одвои по 2.000 денари за најзагрозените категории на граѓани, оние со најниски примања и социјални случаи.

Вака вели само се расправа со цело стопанство. Според неговите пресметки субвенциите за струја државата ја чинеле поскапо отколку што би ја чинело доколку парите ги наменела за помош на сиромашните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе