Вести Македонија

Oбвинетиот кој со автомобил усмрти 11-годишно девојче во Велес ја призна вината

Ангелче Николов призна дека со брзина двојно поголема од дозволената смртно ја прегазил 11 годишната Магдалена Иванова во Велес и ја повредил нејзината мајка, откако во текот на денот конзумирал алкохол. Потоа наместо да помогне избегал и се сокрил, за по ден и половина сам да се пријави во полиција. Обвинетиот се извини на семејството и на целата јавност и побара пониска казна. Судијката Габриела Гајдова пресудата ќе ја изрече на 17 март, напладне.

Родителите на Магдалена не дојдоа на судењето. Нивниот адвокат Јанаки Митровски пренесе дека немаат волја да присуствуват поради претпрената загуба. Тој изрази и сомнеж во искреноста на признанието на вина и каењето на Николов.

Обвинителката Славица Темековски во судница пушти звук на гуми што шкрипат за да ја долови атмосферата од кобната сообраќајка. Таа побара соодветна казна, но и да му се забрани да управува моторно возило.

Адвокаот Митровски поднел кривична пријава за тројцата сопатници на обвинетиот Николов и други непознати лица кои го криеле Николов. Тој рече дека ова е пропуст на обивнителката што не го доистражила до крај. Таа тврдеше дека до сега нема докази за нивна поврзаност и не може да поднесе обивнение врз основа на фејсбук и „рекла кажала“.

За криивчното дело „Тешки дела против безбедноста во сообраќајот“ му се заканува затворска казна од најмалку 4, до максимум 20 години, а за неукажување помош е од парична казна до 1 година затвор.

Несреќата се случи на 17 декември, лани на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час а обвинетиот возел со речиси 70.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе