Вести Македонија

Moлдавски медиуми: Спречен атентат врз Бујар Османи

Молдавски медиуми информираат дека е избегнат атентат врз Мaкедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за време на неговата посета на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ.

Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, нападот требало да биде изведен со автомобил бомба.

Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.

Медиумот додава и дека официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека стои зад ваквите планови.

Истражните органи во Тираспол презентирале и видео снимка од моментот кога агентот наводно ја следел делегацијата на ОБСЕ предводена од Османи, на патот кон тврдината Тигина.

Но, снимката не покажува ништо особено, освен внатрешност на тролејбус, кој чека на крстосница додека да помине колоната возила со делегацијата на ОБСЕ, а потоа продолжува по својот пат.

Од Канцеларијата за реинтеграција во Кишињев за „Реалитатеа“ изјавиле дека уставните власти се обратиле до Тираспол за да побараат докази, бидејќи презентираната верзија „има шпекулативен карактер и не ги одразува истрагите или потврдните податоци разјаснети од властите на Република Молдавија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе