Вести Македонија

Финансии и дискриминација главни причини што дел од децата со попреченост не одат на училиште

Во половина од училиштата во Македонија учат деца со посебни потреби. Станува збор за повеќе од 470 ученици, како со аутизам, а речиси 30 отсто се со пречки во гласот, говорот и јазикот. Не е мал број бројот на оние кои поради финансиски проблеми, но и дискриминација не одат во училиштата. Со проектот за инклузивно образование -БИДИ ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран се нудат стипендии за и тие деца да бидат вклучени во образовниот процес.

Учениците кои се приматели на стипендијата наставата ја следат на мајчиниот јазик во 62 општини. Една третина или 150 од нив се девојчиња, а двојно поголем е бројот на момчиња. Некои од нив имаат и брат или сестра со посебни потреби па земаат парична помош и за нив, а дел пак живеат во згрижувачки семејства. Вработените во училиштата преку обуки ја добиваат потребната стручност за работа со овие деца, а има и консултации родителите за надминување на предизвиците при воспитување на децата.

Проектот, кој се спроведува повеќе од две години, опфаќа и опремемување на сензорски соби и катчиња, како и инклузивни игралишта и пристапен тоалет. Менаџерите на овој проект со апел до општините по завршување на проектов тие да ја преземат одговорноста за овие деца.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе