Вести Македонија

Владата не го купи мојот софтер, сличностите се само во насловот на патентот, поранешниот ген-сек Драги Рашковски во одбрана против обвинителството

Кај мојот патент камерите може да бидат во движење, а кај софтверот набавен од Владата треба фиксно зададена рута. Ова е главната разлика од мојот софтвер до софтверот кој го набавивме како влада. Иако насловот на она што го барал со тендерот и неговиот патент се слични, поранешниот генерален секратер на владата, Драги Рашковски во својот исказ се бранеше пред судот се бранеше дека сам на себе си продал патент.

  • „Јас сум скромен човек, пред сè домаќин, татко на три деца. Професор на Правниот факултет. По некоја животна случајност и генерален секретар на Владата. Моралот и етиката никогаш не смеат да бидат доведени во прашање“, тој вака го почна сведочењето, иако обвинителството тврди дека влијаел на тендерска постапка и перел пари преку исплата на хонорари.

Според, Рашковски, на крајот од доказнатап сотпака, обвинителството не изнело доволно докази за да биде осуден.

Призна дека ангажирал хонорарци и тоа за законски максималните суми. Тоа биле квалификувани инженери кои дале придонес за дигитализација на владата. Но, Рашковски ги негираше доказите дека од сумата неговите познаници нему му враќале дел во готовина. Парите на сметктие кај неговите малолетни деца се од продаден имот и заштеди од прослави.

Павле Беловски

https://youtu.be/DD7gkMsIs8c

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе