Вести Свет Топ вести

Клиентите на „СВБ“ чекаа во редици да си ги подигнат своите депозити

Клиентите на банката во Силиконската долина чекаа на ред да ги подигнат своите пари, откако федералната влада се вклучи за да ги гарантира депозитите по колапсот на банката. Депонентите ги повлекоа заштедите, а инвеститорите нашироко ги продадоа банкарските акции додека федералната влада се обидуваше да ги увери Американците дека банкарскиот систем е безбеден по два неуспеси на банките кои ги поттикнаа стравувањата дека повеќе финансиски институции може да паднат. Претседателот Џо Бајден инсистираше на тоа дека системот е безбеден откако вториот и третиот најголем банкарски неуспех во историјата на нацијата се случија во период од 48 часа.

Меѓународниот монетарен фонд објави дека ги следи потенцијалните последици за финансиската стабилност поради колапсот на банката Силиконска долина истакнувајќи дека Вашингтон презема соодветни регулаторни чекори..

Внимателно го следиме развојот на настаните и потенцијалните импликации за финансиската стабилност и имаме целосна доверба дека креаторите на политиката во САД преземаат соодветни чекори за да ја решат ситуацијата, велат од таму.

Американските власти претходно најавија дека колапсот на „СВБ“ банка не е системски проблем и дека нема да има никакви последици за банкарскиот сектор како за време на финансиската криза во 2008 година.

 Во меѓувреме, банкарската ситуација во Европа е многу поразлична од таа во САД веат експертите.

Според првиот човек на Еврогрупата колапсот на две банки во САД ја нагласува важноста од продлабочување на банкарската унија во еврозоната.

Еврогрупата не ги поврзува  случувањата во банката во Силиконската долина и развојот на дигитално евро кое може да игра важна улога во продлабочувањето на отпорноста на финансиски сектор на Европската унија.

Американските регулатори ја затворија банката во Силиконската долина во петокот, откако таа доживеа колапс, а штедачите побрзаа да ги повлечат своите средства одеднаш.

Ова е втор најголем неуспех на банка во историјата на САД, по економската криза од 2008 година.

А.Ш.

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе