Вести Македонија

Жена од Тетово тврди дека заради лажна дијагноза и биле отсечени двете гради – веќе пет години бара одговорност

Пациентка од Тетово, над која била извршена двојна масектомија, бара одговорност од лекарите од Клиниката за онкологија и радиотерапија, кои сугерирале итна операција заради сомневање за канцерогено заболување, објави „Слободен печат“.

„Некој мора да одговара за тоа што ми беа отстранети градите поради лажна дијагноза за канцер. Ми кажаа дека мора итно да се оперирам, а кога се вратија резултатите од хистопатологија после операцијата, во ткивата од отстранетите гради, имаше мастит, а не канцер“ – изјавила 56 – годишната С.С.

Таа вели дека заради чувствува гнев и лутина, затоа што верувала во системот и дека Обвинителството ќе си ја заврши работа.

Бидејќи пет години немало никакво поместување а предметот се чува во фиока и таа не сака тој да застари, решила да ја обелодени голготата низ која поминала.

Двојната масектомија била извршена во 2018-тата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе