Вести Македонија Топ вести

За поранешниот управител на „Евро консалтинг“ се води истрага за барокната фасада на Владата – БИРН открива детали

Фирма од надзорот на „Бехтел и Енка“ води до истрага за „Скопје 2014“, пишува поратлот Призма.мк. Имено, поранешниот управител на фирмата „Евро консалтинг“, која сега треба да прави надзор над коридорите 8 и 10 Д, Марјан Иванов во Македонија веќе една година има обврска да се пријавува во Кривичниот суд еднаш неделно, како осомничен во истрага за барокната фасада на Владата.

Претходно БИРН открива дека сопственикот на фирмата која е дел од конзорциумот за надзор на изградба на коридорите 8 и 10 д, Евро консалтинг, Бранислав Димитријевиќ Ерменија го бара поради измама од голем обем при изградбата на коридорот Север – југ направена кога тој бил тим лидер на конзорциумот за надзор „Савеж – Ептиса“ .

Тоа практично значи дека и за газдата на „Евро консалтинг“, Бранислав Димитријевиќ и за поранешниот управител на оваа фирма, Марјан Иванов, се водат две кривични постапки, во две држави. За Димитријевиќ во Ерменија, за Иванов во Македонија.

„Евро консалтинг“, заедно со домашната „Електра Солушн“ и шпанската „Ептиса“ се дел од конзорциумот на италијанската ИРД кој го доби тендерот за надзор на автопатиштата што ќе ги гради „Бехтел и Енка“.

Во април лани Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за фасадата на владината зграда, која е дел од проектот Скопје 2014.

Обвинителството тогаш осомничи четворица. Управителот на фирмата Бауер БГ, ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, управителот на фирмата за стручен надзор „Евро консалтинг“ и главниот надзорен инженер.

Сопственикот на Бауер БГ е осомничен дека ја изиграл тендерската постапка и доставил доказ дека фирмата ги исполнува условите. Останатите тројца, пак, се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба и овластување.

Иванов како управител на „Евро консалтинг“ и главниот надзорен инженер се осомничени дека иако биле задолжени да прават стручен надзор над тоа дали се користат соодветни материјали при лепењето на „фасадата“, потврдувале дека сѐ е во ред, иако при изработката биле користени други материјали.

Од Обвинителството за БИРН потврдија дека побарале, а судот одобрил на тогашниот управител на „Евро консалтинг“ Марјан Иванов и на четвртоосомничената, да им бидат одземени пасошите, и да се јавуваат еднаш неделно во судот. Тоа се случило лани на 8 април. 13 дена подоцна, Марјан Иванов, излегол од сопствеништво на „Евро консалтинг“.

Фирмата работела на вкупно 11 објекти од проектот „Скопје 2014“, за што самите се пофалија на нивната веб-страница. Меѓу нив, работеле на фасадата на зградата на МЕПСО, на зградата на МНР, фасадата на Министерството за транспорт и врски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе