Вести Свет Топ вести

Пенс: Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност 

Поранешниот потпретседел на САД Мајк Пенс повторно го критикуваше својот поранешен шеф, претседателот Доналд Трамп, a во врска со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година.

Историјата ќе го повика Доналд Трамп на одговорност, изјави тој викендов за време на собир на политичарите и медиумските првенци во Вашингтон.

Туристите не повредуваат 140 полицајци кога доаѓаат во посета (на Капиталот), изјави Пенс, алудирајќи на извештаите во конзервативните медиуми како „Фок њуз“, каде се релативизира 6 јануари и се емитуваат нови снимки од настанот да се укаже дека протестите биле мирни.

Новиот спикер на Претставничкиот дом, Кевин Макарти, даде увид во илјадници часови видео снимки од нападот на водителот Такер Карлсон, кој во својата емисија емитуваше избрани моменти.

Tуристите не ги кршат вратите да дојдат до спикерот на домот или да се закануваат на официјални лица, изјави Пенс.

Неговите изјави доаѓаат во време кога тој најверојано ќе поднесе кандидатура за номинација за претседателски кандидат од републиканците, на следните претседатески избри закажани за ноември 2024 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирен изборен ден во Центар и Чаир

Дејан Дејан

Самхарадзе: Следиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

Дејан Дејан

ДИК: До 11 часот за претседателските избори гласале 12,87 отсто, за парламентарни 13,69

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе