Вести Македонија Топ вести

Институциите сè уште без решение за семејството Крстевски кои се лица со посебни потреби

Остана нерешен проблемот на тричленото семејството Крстевски кои се лица со посебни потреби. Нивниот живот продолжи во катастрофални хигиенски услови и по добиено ветување дека станот ќе биде исчистен. Поминаа речиси три недели откако телевизија Телма ја објави сторијата, но чекори од институциите се преземаа само додека го објавувавме проблемот со кој се соочува семејството, потоа следуваше молк.

-Сè уште не е мрднато од мртва точка. Како одминува времето се повеќе се натоложуваат проблемите. Никола, кој е со скршена рака деновиве треба да оди да го извади гипсот во болница, но тој не може да се симне од горе од неговиот стан, вели Миле Робев, сосед на семејството.

Министерката тренчевска вели дека веднаш по објавувањето на сторијата во медиумите е пратена екипа во домот на семејството за да направат увид. Утвриле дека семејството е со психички проблеми, живееат во лоши хигиенски услови и се приматели на одредени права. Тие во кординација со центарот за социјални работи ќе преземат чекори за случајот, но ова е мултисекторски проблем нагласи Тренчевска.

Ова е проблем на социјалните и здравствените служби. Тоа што можеме ние да го направиме е дезинфекција на станот, а понатаму доколку добиеме согласност од семејството може да ги сместиме во некоја институција, вели Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална полтика.

Со зголемување на температурите непријатната миризба од станот на Крстевски ќе се рашири низ целата зграда, велат соседите. Проблемот трае со години, соседите се во исчекување, молат еднаш засекогаш тој да биде решен.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе