Вести Македонија

Штипските пензионери брзаат да обезбедат огревно дрво за наредната грејна сезона

Штипските пензионери брзаат да обезбедат огревно дрво за наредната грејна сезона.

Цената годинава е повисока за 1.200 денари, метар просторен даб се нуди по цена од 5.000, а бука од 4.900 денари. Иако цената е повисока, заинтересираноста е голема.

Ланската година нема да се повтори, кога на околу 500 пензионери им се враќаа парите, па мораа директно да преговараат со добавувачите.

Дрва им пристигнуваа  во октомври и ноември.

Енергетската криза силно удри врз џебот на пензионерите и на граѓаните, кои се греат на дрва.

Приватните доставувачи им  ја корегираа неколку пати, па во некои градови кубик дрва чинеше и  над 6.000 денари.

Минатата недела дел од штипските пензионери кои ја уплатија првата рата веднаш ги добија дрвата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе