Вести Македонија

Раноградинарското производство не може да ги оправда трошоците за одгледување

Раноградинарското производство во струмичко Банско не може да ги оправда трошоците за одгледување. Само што излезе првиот зеленчук, цената се намалува а пласманот е неизвесен.

Лутата пиперка која е традиционална култура во Банско, се произведува во пластениците што се загреваат со геотермална вода.

Но, за градинарите годинава сезоната е навистина критична.

Не само цените, целата сезона во Банско е под закана за катастрофа откако ЕВН не сака да им ги продолжи договорите за електрична енергија на земјоделците што им е потребна за испумпување на геотермалната вода. Земјоделците се собраа на мирен протест и бараат институциите да се вклучат и да го решат проблемот.

Министерството за земјоделство рече дека проблемот ќе се презентира и на владина седница со цел да се најде решение додека се средат законските регулативи.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе