Вести Македонија Најважни

„Поворката на живите“ во спомен на 7144 македонски Евреи испратени во смрт од бугарските фашисти – низа потресни сведоштва за ужасите на холокаустот

Повторно да се вратам таму . Да одиме во Монопол.

-Ќе одиме, но ќе одиме поинаку од тогаш.

Вака емотивно Рашела Сион Алтарац, единствената која ја преживеала депортацијата  на Евреите од Македонија, денеска се присети на миговите кога во 1943 како дете го одела патот до Монополот кој требало да ја одведе во смртта. Таа имала само 8 години кога еврејските семејства од Штип меѓу кои било и нејзиното се транспортирани во скопскиот Монопол и оттаму кон логорот на смртта Треблинка.

Мајка и во тој миг ја турнала кон сестра и која била мажена за Италијанец кои биле ослободени како странски државјани.

Поради големата разлика во години меѓу двете сестри мислеле дека и е ќерка. Таа и денеска по осумдесет години не може да ја сокрие болката која и  ја создава сеќавањето на тој кобен ден.

„Јас сум единствената која преживеала од Штип, нема други. Дури се водам како да сум мртва, запишано е дека сум убиена. Но моите сестри ме извадија и така останав жива. На се се сеќавам, се сеќавам дека се симнав и полека дојдов на оваа страна да видам што има тука. Тука беа мажите бев дете 8 години. Мајка ми двете сестри, брат ми сите отидоа само јас се спасив, луда среќа“ – вели Рашела Сион Алтарац.   

Малка Ефрати која има 80 години дојде во Македонија за прв пат. Заедно со своите два сина Рон и Шаи да го посетат родното место на нејзините родители во Битола, кои преживеале само затоа што непосредно пред кобната ноќ ја напуштиле Битола, заминале за Грција и таму започнала нивната љубов.

За ужасите на Холокаустот нејзините родители никогаш не говореле пред неа имајќи предвид  дека била дете и нема ниту еден преживеан од нивното семејство, но денес таа сакаше заедно со своите деца  уште еднаш да упати порака никогаш да не се заборави тоа што се случи.

„Тие дошле од Битола во Грција и од таму во Израел пред Холокаустот и се венчале во Израел. Ја знам целата вистина за Холокаустот, но тие никогаш пред мене не зборуваа за тоа. Никогаш да не се заборави Холокаустот.  Во Битола го најдовме домот на моите родители, беше целосно уништен, но стоевме на големата улица каде бил нивниот дом“ – вели Малка Ефрати..

Саломон Садикарио е последниот Колономос во Македонија.Семејна и колективна траума, вели тој. Неговите родители се спасиле бидејќи биле партизани.

„Сум ги броел на список, бидејќи постои германски список на убиенти во Треблинка, по име и презиме. И броејќи таму близу 200, сто од страна на татко ми сто од страна на мајка ми. Најмногу деца близи 40 % се деца под 16 години.  Мајка ми дури и видела кога ги товареле на вагони, бидејќи криејќи се за да оди во партизани, се криеле на едно место и сакала и она да се придружи, си ја гледала фамилијата, ама ја фатиле другарките, неколку жени биле,  ја затвориле устата да молчи и така отишла во партизани и така се спасила и преживеала“ – вели проф д-р Самуел Садикарио.  

Комеморацијата започна со „Поворката на живите“ од локацијата на поранешната железничка станица во Скопје до некогашниот Монопол кој во 1943 година беше собирен центар за депортација на Евреите во логорот на смртта во Треблинка.  7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, никогаш повеке не ги видоа своите родни градови Комеморацијата заврши со КАДИШ (молитва), и со полагање венци со свежо цвеќе на спомен обележјето во некогашниот монопол во Скопје.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе