Вести Свет Топ вести

Шестгодишно момче во САД пукаше во наставничка, ја погоди во рака и гради, но нема да му се суди

Хауард Гвин, обвинител во американскиот град Њупорт Њуз, изјави оти е малку веројатно дека шестогодишното момче кое ја застрела својата наставничка во училиште ќе биде обвинето. Меѓутоа, одлука дали ќе биде поднесена казнена пријава против некое лице сè уште не е донесена.

Ученикот на 6 јануари извадил пиштол од ранецот и со два истрела ја погоди 25-годишната наставничка Абигејл Звернер во раката и градите, но таа го преживеа нападот. Таа смета дека отпочнување на судски процес би било проблематично, бидејќи момчето е премладо за да го разбере правниот систем, пишува „Би-Би-Си“.

„Наша цел не е да сториме нешто што е можно побрзо. Кога ги анализираме сите факти, ќе поднесеме обвинение против секое лице или лица за кои веруваме дека можеме да докажеме дека, надвор од разумна сомнеж, сториле казнено дело“, рече Гвин.

Во интервју за локалниот „Еј-Би-Си њуз“, тој нагласи дека општ консензус меѓу американските правни експерти е дека шестгодишното момче „не може да создаде потребна криминална намера да биде биде виновен за тежок напад“.

Звернер го тужеше училиштниот округ поради нападот кој, според наводи на полицијата, се случил по „расправија“ со ученик од прво одделение. Оружјето било легално купено и припаѓало на мајката на детето, додадоа полициски извори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирен изборен ден во Центар и Чаир

Дејан Дејан

Самхарадзе: Следиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

Дејан Дејан

ДИК: До 11 часот за претседателските избори гласале 12,87 отсто, за парламентарни 13,69

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе