Вести Свет Топ вести

Насилни протести во Грузија – НЕ за законот за „странски агенти“ кој ќе го уништи граѓанското општество

Полицијата во Грузија употреби солзавец и водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти кои излегоа на улиците на главниот град Тбилиси, за да се спротивстават на контроверзниот закон за „странски агенти“.

Незадоволни граѓани се собраа пред зградата на Собранието во знак на протест против предложениот закон за кој сметаат дека е напад на „слободата на медиумите“. Парламентот, во меѓувреме, ја даде својата првична поддршка за нацрт-законот за „странски агенти“.

Грузиски граѓански активисти и претставници на опозицијата ги блокирале двата влеза во зградата на парламентот, извикувајќи: „Не на рускиот закон! „Руси! “Робови!”

Но, протестите станаа насилни, кога еден од демонстрантите фрли молотов коктел кон полицијата во обид да го пробие патот кон Собранието. Полицијата одговори со солзавец и пендреци. Повредени се стотици демонстранти, но и неколку  полицајци, како и полициска опрема.

Според законот, медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странски извори мора да бидат регистрирани како „агенти на странско влијание“.

Опозицијата го опиша како законот дека е во руски стил кој ќе го стигматизира и ќе го запре  граѓанското општество во Грузија и независните медиуми. Понатамошни протести пред парламентот се закажани за денеска.

САД „внимателно ги следат настаните во Грузија“ во последните часови, објави во вторникот американскиот Стејт департмент.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс (Прајс) им изјави на новинарите дека САД ќе продолжат да ја следат ситуацијата во Грузија и нагласи дека на мирните демонстранти треба да им се даде право на протести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе