Вести Свет Топ вести

Дали зад саботажата на Северен Тек стои проукраинска група? – „Њујорк Тајмс“ ги пренесува информациите од американските разузнавачи

Новите информации од американските разузнавачи сугерираат дека проукраинска група стои зад нападот на гасоводот Северен тек во септември минатата година, пишува Њујорк Тајмс.

Американските власти велат дека немаат докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленски или други претставници на украинската влада биле вмешани во бомбардирањето на гасоводот, пишува „Тајмс“.

Експлозии на гасоводот Северен Тек што ги поврзуваат Русија и Германија се случија на 26 септември во економските зони на Шведска и Данска. Двете земји заклучија дека експлозиите биле намерни, но не прецизираа кој би можел да биде одговорен за нив.

САД и НАТО ги окарактеризираа нападите на гасоводот како „чин на саботажа“, додека Москва го обвини Западот. Ниту една страна не ги поддржа своите тврдења со докази.

Новите разузнавачки информации анализирани од американски официјални лица сугерираат дека зад нападот стојат „противниците на рускиот претседател Владимир Путин“, пишува Тајмс, без да прецизира кој е групата или кој го нарачал или платил нападот.

Американските власти, наведени од Тајмс, веруваат дека најверојатно се вмешани украински или руски државјани.

Данска, Германија и Шведска, кои го истражуваат нападот, минатиот месец рекоа дека нивната истрага сè уште не е завршена.

Германија во вторникот соопшти дека го разгледала извештајот на Тајмс, но дека резултатите од нејзината истрага сè уште не се познати. Во меѓувреме, високиот соработник на Зеленски, Михајло Подољак, рече дека Киев „дефинитивно не бил вклучен“ во експлозиите и дека нема информации за тоа што се случило.

Тајмс наведува дека секоја сугестија за вмешаност на Украина, директно или индиректно, може да ги наруши односите меѓу Украина и Германија.

Извештајот на Њујорк Тајмс доаѓа откако германските ARD и Zeit  објавија, без да наведат извори, дека германските власти успеале да го идентификуваат бродот користен во саботажа.

Германските медиуми објавија дека група од пет мажи и една жена, користејќи фалсификувани пасоши, изнајмиле јахта од полска компанија во сопственост на украински државјани. Тие наведуваат и дека не е позната националноста на сторителите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе