Вести Свет Топ вести

Посмртните останки на американските претседатели ќе бидат испратени во веселената

Американската компанија „Селестис“ планира да испрати посмртни останки на четворица поранешни американски претседатели во вселената, а мисијата ќе биде извршена годинава.

Летот, наречен „Ентерпрајс“, ќе ги однесе посмртните останки на претседателите подалеку од системот Земја-Месечина и ќе им се придружи на другите планети, месечини, астероиди и комети на своето „бесконечно патување низ космосот“.

Во вселената ќе бидат испратени посмртните останки на поранешните претседатели Џорџ Вашингтон, Роналд Реган, Џон Кенеди и Двајт Ајзенхауер. Освен останките на поранешните претседатели, во вселената ќе бидат испратени и посмртните останки на Џин Роденбери, неговата сопруга Мајел Барет Роденбери, синот Јуџин и некои други членови на актерската екипа на франшизата „Ѕвездени патеки“.

Од компанијата објасниле дека се користи технологија за чување ДНК за да нема опасност од деградација на останките во вселената.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе