Вести Македонија Топ вести

Нови дојави за бомби во основните и средни училишта во Скопје, учениците евакуирани, од дома продолжуваат со он-лајн настава

Во училишта во Скопје утринава повторно има дојави за поставени експлозивни направи.

На електронските адреси на 31 училиште во Скопје денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти МВР.

Денешните дојави неофицијално пристигнале во гимназиите „Никола Карев“, „Ѓорги Димитров“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, основните училишта „Петар Попарсов“, „Гоце Делчев“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Димитар Миладинов“.

Дојави за бомби во изминатите денови имаше во повеќето основни и средни училишта во Скопје. По предлог на Министерството за образование и наука, во оние училишта каде има дојави за бомби треба да се спроведува онлајн настава.

Од МОН за Телма информираат дека „Teams“ апликацијата функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока. Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на Teams, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе