Вести Македонија Топ вести

33.000 луѓе живеат под прагот на сиромаштија, меѓу нив 10.000 се деца- потребни се субвенции за најранливите семејства

Според анализата на УНИЦЕФ и аналитичкиот центар „Фајненс тинк“ околу 33.000 лица, од кои 10.000 деца, се втурнати под прагот на сиромаштијата заради кризата со храна и енергија.

Анализата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата“ покажува дека секое трето дете доживеало прехранбена сиромаштија во 2022 година, што е за 9 отсто повеќе во споредба со ситуацијата пред кризата. Состојбата е полоша кај семејствата со 3 или повеќе деца. 44% од нив страдаат од прехранбена сиромаштија.

Споредено со 2021, Индексот на трошоци на живот во 2022 година во Северна Македонија пораснал за 14%. Цените на храната во просек пораснале за 22%, додека цените на некои прехранбени производи се зголемиле за дури 36%. Овие ценовни шокови несразмерно повеќе ги погодија семејствата со повеќе деца и со пониски приходи, со оглед на поголемиот удел на трошоците за храна и енергија во нивниот домашен буџет. На најранливите делови од населението им остануваат малку пари за задоволување на преостанатите основни потреби.

Препораките од истражувањето се фокусираат на потребата од обезбедување попрецизно насочена поддршка за намалување на товарот врз децата:

• Проширување на субвенцијата за енергетска сиромаштија за најранливите семејства и олеснување на условите што треба да се исполнат за добивање гарантирана минимална помош за клучните ранливи групи на домаќинства.
• Почести приспособувања на социјалната парична помош со цел нејзино усогласување со растечките цени и зачувување на нејзината вредност.
• Во контекстот на растечките притисоци врз националниот и општинските буџети, потребно е да се заштитат основните здравствени услуги, социјалната заштита и образованието преку зголемување на ефикасноста, ефективноста и правичноста во трошењето на јавните пари за овие сектори.
• Воведување програма за бесплатен оброк за учениците, што не само што ќе го подобри пристапот до здрав и хранлив оброк за учениците, туку и ќе ја намали сиромаштијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе