Вести Македонија Топ вести

(Видео) Стоилковски со гатанка пред дуќанот на Груби: Ниту ден тој не губи, од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика ….

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски сними политичка гатанка на улицата „Македонија“, во центарот на Скопје, а откако ја кажа беше вметнат и одговорот кој гласеше Груби.

Во позадина на Стоилковски, како што стои во описот на локација на видеото, е најновиот дуќан на братот на првиот вицепремиер во владата, Артан Груби.

„Ниту ден тој не губи, од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика …..“, гласеше гатанката што ја кажа Стоилковски.

Опозициската партија во изминатите денови упати обвинување за нелегални активности до првиот вицепремиер. Од таму, меѓу другото, јавно прашаа како неговиот брат купил дуќан од половина милион евра, во услови кога неговата фирма работи со загуба во изминатите четири години.

Груби ги отфрли обвинувањата и негираше поврзаност со бизнисот на брат му. На ВМРО-ДПМНЕ му возврати оти очекувал клевети, но не и атак врз членови од неговото семејство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе