Вести Македонија

Распределба на вработените во Пошта наместо нови вработувања

Синдикатот на Македонска пошта побара да се стопира јавниот оглас за вработување на нови административни работници кој го објавил директорот на пошти. Тие сметаат дека Поштата нема доволно поштари, а сега распишува оглас за административци од кои нема потреба.

-Наместо ние како компанија да се сконцентрираме да ги подобриме нашите услуги, ние преземаме чекори кои не се соодветни со реалните потреби. Конкретно мислам на новите вработувања во администрација, вели Боро Велигденов, претседател на Синдикат на Пошта.

Сметаат дека решение за овој проблем е прерасподелување на работните места. Дел од вработените во администрација да станат поштари или шалтерски работници со цел поголема продоуктивност. Голем дел од поштарите се пред пензионирање и секоја година има се помалку персонал и затоа е потребно итно решение.

-Проблемот е во тоа што ние имаме огромна старосна структура на вработени. Над 65 проценти се над 55 години и си заминуваат во пензија, а токму 90 проценти се од технолошкиот процес каде ние се соочуваме со недостаток на кадар, додава Велигденов.

Освен недостаток на персонал синдикатот се жали и на доцнењето на плати. Последната плата ја земале два дена после законскиот рок. Синдикатот дава рок од пет дена до надлежните за средба во спротивно ќе организираат штрајк.

Во меѓувреме граѓаните се жалат на услугите од пошта. Лавина реакции од измамени граѓани, дел од пратките изгубени, а дел доцнат.

Надлежните неодамна ветија дека ќе го решат проблемот, но досега тоа не е направено.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе