Вести Свет Топ вести

Како се „маскираше“ посетата на Бајден на Киев – лажен распоред на Белата куќа и вечера со сопругата во Вашингтон

Американскиот претседател Џо Бајден отпатува во неочекувана посета на Киев. Во украинскиот главен град пристигна со воз од границата со Полска, пренесува „Њујорк тајмс“. Во „маскирањето“ на неговото појавување во Киев беа мобилизирани сите капацитети. Па, така, Белата куќа во неделата навечер објави распоред на претседателот во кој беше наведено дека Бајден во понеделник ќе престојува во Вашингтон, иако веќе беше на половина свет.

Неговата посета на Киев беше држена во тајност од безбедносни причини. „Њујорк тајмс“ пренесува дека Бајден го напуштил Вашингтон без известување, бидејќи претходно, во неделата, вечерал со сопругата Џил во ресторан. Јавна вечера со првата дама е реткост во протоколот на американскиот претседател.

Американски официјални лица во пресрет на посетата, негираа можност за посета на Бајден на Украина, за време на планираната турнеја во источна Европа.

„Наместо тоа, Белата куќа во неделата вечер објави соооштение со распоред за понеделник, во кое Бајден, во текот на денот, ќе биде во Вашингтон пред да тргне за Варшава навечер, иако тој веќе бил на половина свет“, објави „Њујорк тајмс“.

Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс и највисоки официјални лица на Белата куќа во текот на минатиот месего го посетија Киев. Дека шпекулациите за можно појавување на Бајден во Киев би можеле да се потврдат, укажуваа и исклучително силните безбедносни мерки во градот и целосно „исчистените“ делови на украинската престолнина со подигнати барикади, какви што имаше при посетата на британскиот премиер, Борис Џонсон.

Патување со воз од Полска е единствена можност за странски официјални лица да пристигнат во Киев, со оглед дека опцијата со авион е небезбедна. На идентичен начин и Зеленски отпатува во САД во неговото, официјално, прво заминување од земјата од почетокот на војната пред една година.

Тој тајно замина со воз преку Украина до Полска. На снимките што ги објави полската телевизија се гледа како чекори по перон во придружба, откако излезе од сино-жолт украински воз. Потоа, Зеленски и придружбата влегоа во конвој на автомобили што ги чекаа, меѓу кои Шевролет Субурбан, омилениот модел на американската влада, пренесува загрепски Н1.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дебата на ТЕЛМА: Претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска пред вториот изборен круг

Дејан Дејан

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе