Вести Свет

Избледнува надежта за преживеани – Турција објави крај на спасувачките операции во девет провинции

Надежта во потрагата по преживеани по разорните земјотреси во Турција и во Сирија полека избледнува. Турската Агенција за управување со катастрофи објави крај на спасувачките мисии, освен во јужните провинции Караманмараш и Хатај, откако во последните 24 часа не беше пронајдено ниту едно преживеано лице.

Земјотресите што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија однесоа, речиси 47.000 животи, бројка што се претпоставува дека ќе расте. Погоденото подрачје во Турција го напуштија над еден милион и 200.000 луѓе, речиси еден милион престојува во привремени сместувачки капацитети, додека 350.000 трудници имаат потреба од итна медицинска помош.

Целосно или делумно се урнати 105.000 објекти. Градежните експерти тврдат дека јужниот дел од земјата го плати данокот за лошата градба и корупција, поради што зградите во трусното подрачје, како што потенцираат, не се градени како што треба.

Во зоните на потресите се поставени 250.000 шатори и 6.000 контејнери. Турското Министерство за надворешни работи изрази благодарност за 11.000 спасувачи од 88 земји, меѓу кои и од Македонија, кои учествуваа во операциите на потрага и спасување.

Додека меѓународната помош беше фокусирана на Турција, во Сирија стигнуваше на лажичка. Илјадници луѓе и натаму се водат како исчезнати и се помали се шансите за некои од нив да бидат пронајдени преживеани по две недели од земјотресот. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ги посети погодените подрачја, најави хуманитарна помош од 100 милиони долари за бегалците и за жртвите од разорните земјотреси.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинубвањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

„Митинг-двобојот“ во Тетово сепак нема да се одржи?!

Дејан Дејан

(ФОТО) Протестите во кампусот на Универзитетот во Калифорнија поради војната во Газа прераснаа во насилни судири меѓу ривалските групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе