Вести Македонија

Десетина пожари кај Струмица – горат депонија и стрништа

Пожар избувна денеска на пладне кај Струмица на депонијата во близина на селото Баница, а потоа и на уште десетина места, каде горат стрништа во областа Софилар, во непосредна близина на градот. Густиот чад може да се забележи оддалеку, а остатоци од изгорениот материјал силниот ветар ги носи и до централното градско подрачје.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Алекснадар Гудев, во гаснењето на пожарите се вклучени 20 пожарникари и три против пожарни возила.

„Засега нема посериозни штети предизвикани од пожарот, освен што е изгорен еден сосема мал дел од покрив на една викендичка. Првиот повик дојде за запалена депонија во близина на селото Баница, а набргу потоа пожари избувна на уште десетина други локации каде горат стрништа“, изјави Гудев.

Додава дека пожарите се под контрола и се локализирани, но силниот ветар го отежнува гаснењето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе