Вести Најважни Свет

Заврши потрагата по преживеани во Турција

Две недели по катастрофалниот земјотрес што ги погоди јужните делови од Турција потрагата по преживеани завршува. Според турската Национална агенција за управување со вонредни ситуации под урнатините нема повеќе луѓе што може да бидат спасени. Последните податоци, на југот на Турција и во пограничната област на северот на Сирија се дека најмалку 46.000 луѓе загинаа но ниту Турција ниту Сирија не објавија колку лица сѐ уште се водат за исчезнати по земјотресот. Многумина од преживеаните сега се молат само за телата, за да можат достоинствено да ги погребаат своите најблиски. Папата Франциск за време на неговото неделно обраќање се помоли за жртвите.

Исусовата љубов бара да дозволиме да нè допрат ситуациите на оние кои се изнемоштени. Мислам особено на Сирија и Турција и многуте жртви од земјотресот, порача Папата во својата молитва.

Светската здравствена организација проценува дека на околу 26 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош низ Турција и Сирија по земјотресот. Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа. Дел од преживеаните во земјата велат дека нивните домови од земјотресот се оштетени и распукани и не се осмелуваат да живеат во нив, па приморани се да зивеат под отворено небо, велат така е побезбедно.

 Не ни останува ништо. Веќе ја немаме оваа куќа, немаме ништо повеќе. Отидов да се пријавам во центарот за згрижување и им ја кажав мојата состојба. Им кажав за мојот сопруг и синот дека се болни. Тие ми рекоа да се откажам и да излезам надвор. Во центарот пријавија други луѓе веднаш пред од мене и ме исфрлија. Се колнам во Бога, Еида ал Шеихо жител на Џабле, Сирија.

Потресот, во кој загинаа десетици илјади луѓе, уништи домови и уби многумина и во нејзиниот роден град Џабле кој се наоѓа на западниот брег од Сирија и кој беше силно погоден од земјотресот. Длабоките, долги пукнатини на ѕидовите и откриената метална мрежа на таванот што некогаш беше скриена со слој од бетон се силни знаци дека нивната куќа повеќе не е погодна за живеење.

 Остануваме во овој шатор затоа што нашата куќа има испукани ѕидови, па дури и столбовите се многу оштетени, воопшто не е безбедно да се остане во куќата. Се обидовме да одиме во прифатилиштата, но тие ни побараа документи од надлежните во кои пишува дека куќата ни е урната или оштетена. Кога одиме кај надлежните, тие не ни ги даваат документите, туку ни велат да одиме во општината. Во општината постојано ни велат дека ќе дојдат да ја проценат штетата на куќата, а до сега не дошле. Досега спиевме или овде или во автомобилот надвор, Хусеин ал Шеихо, преживеан од земјотресот од Сирија.

Со оглед на тоа што Сирија веќе се опоравува од 12-годишната граѓанска војна, економијата на земјата е на колена поради санкциите и пандемијата СОВИД-19, голем број луѓе имаат многу мали примања и средства и нема каде да одат. Од разорниот земјотрес до денес во земјата се регистрирани над 6.000 потреси.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

„Митинг-двобојот“ во Тетово сепак нема да се одржи?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе