Вести Свет Топ вести

Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Хрватска

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на островот Крк на длабочина од 10 километри.

Потресот бил почувствуван околу 10:45 часот на подрачјето на Кварнер.

Според првата проценка на ЕМСЦ, магнитудата е 5,25 степени, додека Сеизмолошката служба за хрватските медиуми соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.

Земјотрес од оваа јачина може да предизвика материјална штета.

Дел од коментарите на социјалните мрежи се следни: „Долго траеше и многу се тресеше“, „добро се ниша“, „куќата се тресеше, шкрипеше плакари, чашите ѕвечкаа“.

Еден жител на Ријека вели за тамошните медиуми изјавил дека потресот траел 3-4 секунди, а облакодерите се нишале.

Земјотресот е почувствуван и во Ровињ и Љубљана, Словенија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе