Вести Македонија

Гаши изгуби еден пратеник, заменик-министерот за култура Диам Лучи ја напушти Алтернатива и останува на функцијата

Додека траеше собраниската расправа за разрешување на министрите од Алтернатива, со обвинување се јави нивниот сопартиец. Заменик-министерот за култура Диам Лучи, одлучува да не биде дел од Алтернатива и останува на функцијата.

Тој на социјалните мрежи го обвини Африм Гаши дека самиот одлучил партијата да излезе од владината коалција само затоа што се разрешува како што пишува неговиот пријател Беким Сали.

Во објавата со наслов „Не плачете како жени, кога не сте способни да заштитите како мажи“, тој наведува дека како заменик министер имал успешен мандат, и добри проекти, и сето тоа  почнало да им пречи на Гаши и Сали. Вели дека правеле се за тој во јавноста да изгледа како „пропаднат кадар“ што би се искористило како алиби потоа да биде разрешен

Во објавата, Лучи ги потврди и претпоставките дека е близок со пратеникот Скендер Реџепи Зејд, кој на 11 јуни минатата година ја напушти Алтернатива и оттогаш делува како независен пратеник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе