Вести Македонија

Предметите на СЈО, за кои Иванов даде па ја повлече аболицијата, ќе продолжат пред домашните судови

Предметите на СЈО за кои Иванов даде па ја повлече аболицијата ќе продолжат пред домашните судови. Европскиот суд за човекови права ги отфрли жалбите на Груевски, Мијалков, Јанкуовска , Јанакиевски, Талевски и останатите како преуранети затоа што предметите се уште се пред пониските судовите и не се исцрпени сите домашни правни лекови мегу кои и Врховниот суд.

  • Одлука на ЕСЧП: Имајќи ја во предви надлежноста на Врховниот суд и потенцијалните последици врз пресудите на личностите или пресудите од пониските судови, прашање кое може да има директно и сериозно влијание врз утврдувањето на кривичната пријава, судот веќе утврди дека тој правен лек е дел од веќе добро воспоставените процесни мерки, кои може да се сметаат како ефикасен правен лек за жалбите под Член 6 кога таквите жалби се важечки….Судот смета дека, далеку од разгледувањето на прашањата за уставноста и легалноста под домашниот закон, кривичните судови може директно да ја применат конвенцијата и да разгледаат дали начинот на кој претседателот ги искористил своите овластувања во врска со помилувањата, кои му се дадени од домашниот закон, ги повредил правата на жалителите под Членот 6 од конвенцијата.

Во одлуката  ЕСЧП се осврнува и на Уставниот суд . Судот не може да шпекулира каков би бил исходот од постапката пред Уставниот суд доколку од тој суд било побарано да ја оцени уставноста на Законот за помилување од 2016 година додека тој бил привремено важечки стои во образложението на Стразбур

Жалбата до Стразбур беше поднесена во 2017 година, а во неа се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана. Со денешната одлукла судот не се произнесе конкретно за аболициите дали треба да важат или не.

Со аболицијата на Иванов во 2016 беа опфатени 54 лица. Дел од обвинетите во предметите за масовно прислушување „Таргет тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе