Вести Македонија

Поради висок притисок, клучниот вештак за трагедијата кај Ласкарци „бега“ од суд, но оди на работа и шета низ Мавровка

Зекирија Зеќири трето рочиште по ред не се појави во судница. Крвен притисок 160 со 110 е медицинскиот изговор на вештакот, кој го заобиколи и денешното рочиште за страотната автобуска несреќа кај Ласкарци, со 16 жртви. Медицинската документација го ослободи од судењето, но зошто не и од со работните активности?

Обвинителот Дарко Јакимовски тврди, добил информација дека Зеќири одел на работа. Роднини на жртвите пак во судницата довикуваа дека ден пред судењето го виделе пред трговскиот центар Мавровка.

Сомнежите кај роднините за политички виилјанија врз предметот ги подгреа фотографија од Зеќири на партиска говорница на ДУИ. Денеска, наместо да продолжи да го ипитува Зеќири, обвинителот и поставуваше прашања на вештакот Јованка Савова.

Обвинителот Јакимовски лоцираше и низа грешки во супервештачењето. Во документот, овен што е згрешен датумот, пишува и дека супервештачењето било побарано од Граѓанскиот суд, наместо од Кривичниот.

Судскиот процес за Ласкарци почна во 2019 година, а го води судијката Диана Груевска Илиевска. Обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски.

Се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Вработените во станицата за технички преглед пак, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе