Вести Македонија

Одбележан Интернационалниот ден на децата со канцер

На интернационалниот ден на децата со канцер / 15 ти Февруари се одржа годишната конференција за одбележување на Меѓународниот ден на ракот кај децата.

Целта на настанот е да ги обедини сите засегнати страни за да изнајдат нови начини за поттикнување на напредокот кај детскиот канцер преку политиката, програмите на земјата и ЕУ и соработката меѓу повеќе засегнати страни.

ЈУДГ “Детска радост” – Гази Баба, Скопје организираше претстава, реализирана од родители на деца од 2-3 годишна возраст, од објект Темјанушка. Претставата беше со припрема на текст, сценографија и насоки на воспитувач  на групата. Посетителите наместо влезница донираа книги, енциклопедии, сликовници ,боички и слично, кои беа донирани на Онколошкиот оддел. На тој начин на одделот добивме една мала библиотека и многу убави пораки за поддршка и брзо оздравување. Од родителите за родителите, од децата за децата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе