Вести Свет Топ вести

ЕУ воведува десетти пакет санкции на Русија

Европската Унија ќе ѝ воведе десетти пакет санкции на Русија поради инвазијата на Украина, вреден 11 милијарди евра, најави претседателката на Европската комисија Урсула фон де Лаен.

Таа посочи дека со новиот пакет на мета на санкциите ќе се најде и Иран, бидејќи е поврзан со набавка на дронови користени во нападите на Русија во Украина.

Санкционирани се седум ирански организации, пренесува Радио слободна Европа.

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жосеп Борел рече дека Русија продолжува да го покажува своето нечовечко лице со бруталниот ракетен терор против цивилни цели.

Санкциите, како што најави, ќе опфатат мерки против банкарскиот систем, напредната технологија, како и санкционирање на речиси 100 дополнителни поединци и субјекти поради нивната улога во поткопувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе