Вести Македонија Најважни

ЕСЧП: Жалбите на Груевски, Мијалков и останатите обвинети во предметите на СЈО се предвремени и недопуштени

Предметите на СЈО за кои екс претседателот Иванов даде, па ја повлече аболицијата ќе продолжат пред домашните судови.

Европскиот суд за човекови права ги отфрли жалбите на Груевски, Мијалков, Јанкуовска , Јанакиевски, Талевски и останатите како недопуштени и преуранети.

Предметите се уште се пред пониските судовите и не се исцрпени сите домашни правни лекови мегу кои и Врховниот суд, кој важи за ефикасен правен лек оцениле едногласно судиите од Стразбур.

„Имајќи ја предвид надлежноста на Врховниот суд и потенцијалните последици врз пресудите на личностите или пресудите од пониските судови, прашање кое може да има директно и сериозно влијание врз утврдувањето на кривичната пријава, судот веќе утврди дека тој правен лек е дел од веќе добро воспоставените процесни мерки, кои може да се сметаат како ефикасен правен лек за жалбите под Член 6 кога таквите жалби се важечки“ – соопшти Европскиот суд за човекови права.

Националниот судски систем, кој може директно да ја примени Конвенцијата, треба да добие шанса да одговори на жалбите по предметите и да ги исправи сите прекршувања на Конвенцијата, заклучуваат судиите.

„Судот смета дека, далеку од разгледувањето на прашањата за уставноста и легалноста под домашниот закон, кривичните судови може директно да ја применат Конвенцијата и да разгледаат дали начинот на кој претседателот ги искористил своите овластувања во врска со помилувањата, кои му се дадени од домашниот закон, ги повредил правата на жалителите под Членот 6 од конвенцијата“ – додава Судот.

Целата одлука е на 30-тина страници и во неа детално се презентираат аргументите на жалителите и одговрите на државата, сите факти, законската рамка, одлучувањето на институциите и позадината на помилувањето.

Во одлуката, ЕСЧП се осврнува и на Уставниот суд.

Судот не може да шпекулира каков би бил исходот од постапката пред Уставниот суд доколку од тој суд било побарано да ја оцени уставноста на Законот за помилување од 2016 година додека тој бил привремено важечки, стои во образложението на Стразбур.

Зошто судот во Стразбур одлучи дека жалбите се преуранети на крај, кога се очекуваше да се произнесе за аболицијата, а не во некоја од фазите порано, поранешната судијка во овој суд, Маргарита Цаца Николовска вели дека тоа не е невообичаено и дека има и други такви случаи.

Николовска вели пресудата се повикува на неисцрпување на сите домашни правни средства но и дека требале да бараат примена на праксата на Европскиот суд за човекови права.

Одлуката во Стразбур ја донесе совет од седум судии, што според упатените укажува на сериозноста  со која судот пристапил кон овој предмет.

Судиите се од Норвешка Финска Обединето Кралство, Белгија, Турција, Малта  и Молдавија.

Македонскиот судија Јован Илиевски кој е и роднински поврзан со Мијалков се изземал и не учествувал во одлучувањето.

Жалбата до Стразбур беше поднесена во 2017 година а главната забелешка на обвинетите од СЈО беше дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.

Со аболицијата на Иванов во 2016 беа опфатени 54 лица. Дел од обвинетите во предметите за масовно прислушување „Таргет тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе