Вести Македонија

Денеска се чека одлуката на судот од Стразбур за аболициите на Иванов

Судот за човекови права во Стразбур денеска ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на екс претседателот Ѓорѓе Иванов.

Со ова по цели шест години ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири предмети на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел од нив се и осудени.

Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година, а во неа се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.

Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур според македонското право се обврзувачки за судовите па доколку денеска Стразбур каже дека оваа теза е точна осудените ќе треаба да бидат ослободени, во спротивно ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.

Со аболицијата на Иванов во 2016 беа опфатени 54 лица. Дел од обвинетите во предметите за масовно прислушување „Таргет тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе