Вести Свет

Вакцинацијата против Ковид-19 да се спроведува еднаш годишно како против грип, предлага ЕМА

Европската агенција за лекови денеска објави дека очекува кампањите за вакцинација против Ковид-19 да се спроведуваат еднаш годишно, слично како и вакцинацијата против грип.

Иако вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште не се однесува како сезонски вирус за време на зимските бранови во умерените климатски подрачја, тоа би можело да биде правецот по кој би одело, изјави директорот за здравствени закани и стратегија за вакцинација на ЕМА, Марко Кавалери.

Во Европа има забележливо намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19, хоспитализација и смртност.

Кавалери, повикувајќи се на податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, истакна дека во изминатите 12 месеци забележани се најниски нивоа на инфекцијата во ЕУ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе