Вести Македонија

„Tрикафта“ за еден месец во рацете на болните од цистична фиброза

Конечно отсранети бирократските процедури за набавка на лекот трикафта за болните од цисточна фиброз, на кои  лично се пожали и  премиерот Димитар Ковачевски. Од Влада денеска соопштија дека за најкритичните пацинти лекот трикафта ќе пристихне во најкус рок.

Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек, стои во соопштението од Влада.

Останатите пациенти со дијагноза цистична фиброза очекуваат лекот да се набави во текот на летото или до крајот на годината, бидејќи на сите животите им висат на конец, не знаат кога ќе им се влоши сосотојбата, еден од нив е и Игор Пехчевски, кој по сторијата на Телма очекува до крајот на неделата позитивни вести за неговото вработување.

Пехчевски побара и средба со премиерот, со цел лично да му ја објасни неговата здравствена состојба, а во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза. Од Влада информираат дека од состоанок очекуваат да се финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе се овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот Трикафта и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе