Вести Македонија

Трет ден расправа за Сали, без да се зборува за Сали

Трет ден дебата за негово разрешување, а името на министерот Беким Сали не е спомнато ни трипати од собраниската говорница. Освен премиерот, кој не даде образложение зошто бара негово разрешување, ни пратениците од мнозинството не кажуваат зошто ќе гласаат за да си замине од функцијата. Дел од слабостите кои не успеа да ги поправи, беа набројани од опозицијата.

Пратениците од опозицијата обвинија и дека Таравари им фрли резервна гума за спас на ДУИ, а читаа и цитати од негови говори во кои тој ги напаѓа за криминал и корупција. Од Алијанса за Албанците тврдат дека тој и понатаму го мисли истото.

Премиерот деновиве повремено доаѓа во салата, но не одговара на обвинувањата, вклучително ни на тоа, чиј премиер е? Во негова одбрана, со контра-обвинувања за странско влијание одговорија од СДСМ.

Според динамиката на седницата, министрите и замениците ќе останат на функциите уште најмалку една, до две недели. Нема временско ограничување за тоа колку ќе трае дебатата, а се дискутира за секој функционер одделно, плус репликите. Веќе трет ден се расправа за министерот за здравство, Беким Сали, а по него, ќе се дебатира за разрешувањето на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Следува Џемаил Чупи за дијаспора, а по нив, ќе се разгледува точката за разрешување на замениците министри. Истата процедура важи и за точките за именување на нови министри.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе