Вести Свет

Столтенберг очекува зголемени инвестиции од членките на НАТО за одбранбени цели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, апелираше денеска до 30-те членки на Алијансата да посветат најмалку 2% од својот бруто домашен производ на одбрана до конкретен датум, затоа што воената помош за Украина и другите закани ги зголемуваат воените трошоци.

НАТО сојузниците се согласија уште во 2014-тата година, кога Русија го анексираше полуостровот Крим, да запрат со намалувањето на трошоците за одбрана, кои ги воведоа по крајот на Студената војна и да трошат најмалку 2% од својот бруто општествен производ за одбрана до 2024-тата година.

Оваа заложба истекува наредната година а НАТО сега се насочува кон нова цел.

„Очигледно е дека ако беше правилно да се посветиме на трошење на 2% во 2014-тата година, сега е потребно и повеќе затоа што живееме во поопасен свет.“ – изјави Столтенберг по состанокот на министрите за одбрана на НАТО членките, каде оваа тема за прв пат се разгледуваше на високо ниво.

„Имаме војна во Украина, во Европа и потоа ја гледаме постојаната закана од тероризмот, како и предизвиците кои Кина ги претставува за нашата безбедност. Значи, очигледно е дека треба да трошиме повеќе.“ –додаде генералниот секретар на Алијансата.

НАТО сојузниците во Европа и Канада ги зголемија трошоците за одбрана, 8-ма година по ред во 2022-та година, додавајќи вкупно околу 350 милијарди долари на своите буџети.

Според последните проценки на Северноатлантската алијанса, 10 земји се блиску до или и над границата од 2%. 13 членки пат трошат околу 1,5% или и помалку.

„Наместо да ја менуваме границата од 2%, мислам дека треба да размислиме да не ги сметаме тие 2% за максимум, туку како 2% од БДП-то како долна граница или минимум.“ – изјави Столтенберг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе