Вести Македонија Топ вести

Се пребројуваат пратениците „за“ и „против“ реконструкција на Владата

Додека расправата за разрешување на министрите од Алтернатива се растегнува со денови, секоја од помалите партии, делови од поголемите партии и независните пратеници, ја преслушуваат својата поддршка за реконструкција на Владата.

Водачот на „огнената група на интегративците“, Изет Меџити, во изјава за ТВ 21 тврди дека премиерот Ковачевски нема поддршка од 64 пратеници. Влегувањето на Алијанса го нарече „политичка акробација“ која не е поврзана со зголемување или стабилизирање на мнозинството бидејќи осуммина ќе влезат, но осуммина или уште повеќе – ќе излезат. Бројка која е далеку од потребните 80 за уставни измени.

Алтернатива, која ја напушти владината коалиција бидејќи „не се водела ефикасна борба против корупцијата и монтираните судски случаи“, сега ја условува и поддршката за уставни измени. Ќе ги поддржат ако се прифати нивниот амандман за незастарување на кривичните дела поврзани со имотна корист. Во ТВ интервју Африм Гаши ги обвини дека Ковачевски и Ахмети „освен политичко самоубиство, ја убиле и европската иднина на државата“.

Гаши очекува разрешува и на заменик министерот за култура Даим Лучи. Во спротивно, ќе биде исфрлен од Алтернатива. Зад него стои независниот Скендер Реџепи Зејд, кој пред неполна година ја напушти оваа партија, делува независно, и ветува поддршка за Владата.

Синоќа и ДОМ изрази условена поддршка за Владата. Одлучија да ја поддржат  владината реконструкција, но бараат во првите 100 дена да почне ветинг, конфискација на нелегално стекнат имот, да продолжи процедурата за една изборна единица и Фонд за енергетска ефикасност.

Има најави дека и други владеачки партии, особено оние со етнички предзнак, го користат моментот за нови барања.

На целата собраниска незивесност, премиерот Ковачевски вчера самоуверено одговори: „За реконструкција на Владата ќе гласаат повеќе од 64 пратеници“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе