Вести Македонија

Претставници на македонските Бугари кај Османи – како да се смират тензиите меѓу Скопје и Софија за земјава да продолжи по европскиот пат

Првата средба на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи и претставниците на здруженијата на македонските Бугари во земјава минала во позитивна и конструктивна средна за што потврдија од МНР, преку соопштение, но и претставници на бугарските здруженија кои беа на средбата.

Македонското МНР соопшти дека било разговарања за прашања и предизвици кои ја засегаат бугарската заедница во земјава, додека претставниците на македонските Бугари наведоа дека со министерот разговарале за смирување на тензиите меѓу Софија и Скопје, за земјава да може да го продолжи европскиот пат со исполнување на договорот од 2017 година и т.н. француски предлог.

Ѓорѓи Трендафилов од ГДУ ја коментираше и неодамнешната резолуција на советот на Европа дека нема системска дискриминација на Бугарите во земјава, а кажа и за што конкретно се согласиле со министерот. Трендафилов информира и дека клубот „Ванчо Михајлов“ на кој утре му истекува рокот за менување на името, тоа нема да го направи.

На средбата кај Османи, заедно со Трендафилот бил и претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“, Љупчо Ѓорѓиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе