Вести Свет

Новинарка осудена на шест години затвор поради осуда на руската инвазија врз Украина

Судот во Русија ја осуди руската новинарка Марија Пономаренко на шест години затвор поради осуда на офанзивата врз Украина на Инстаграм.

„Пономаренко (44) е прогласена за виновна за „ширење на лажни информации“ за армијата“, соопшти рускиот Истражен комитет, кој ги води главните кривични истраги во Русија.

Тоа кривично дело е воведено по руската инвазија врз Украина и неколку пресуди се донесени за јавно критикување на нападот и се изречени затворски казни.

Новинарката Пономаренко е осудена од Судот во Барнаул, во сибирскиот Алтајски регион, каде работеше за порталот „РусЊуз“. Таа беше уапсена во април минатата година во Санкт Петербург, а потоа беше префрлена во Барнаул. Нејзиниот адвокат тврди дека и била влошена психичката состојба во притвор и барала да биде сместена во психијатриска болница.

Невладината организација ОВД-Инфо соопшти дека Пономаренко е кривично гонета бидејќи во март 2022 година, непосредно по почетокот на рускиот напад на 24 февруари, објавила порака на социјалната мрежа Инстаграм во која го осудува бомбардирањето на театар во украинскиот град Мариупол.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе