Вести Македонија

Јовевски: Финансиска зависност од извршната власт директно влијае на независноста на институциите

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски смета дека е редно време во државата да почне да се размислува за финансиската независност на институциите, како правосудството. Ако финансиската конструкција зависи од извршната власт, од одредени норми и одредби во закони, каде што дури пишува дека и висината на палтите ја одредува владата, според професорот Јовевски, ја става во прашање вистинската независност на тие институции.

Толку е важна финансиската независност. Затоа можеби е време сите ние во Македонија да почнеме да размислуваме да овие институции, како што е судството, како што е јавното обвинителство, да имаат сопствен буџет, кој што да, Собранието ќе го усвојува, но располагањето со сопствениот буџет ќе биде „пар екселанс“ во рамките на тие институции, без притоа да се бараат согласности од Министерството за финансии, од Влада, или утре можеби од Собранието, смета професорот Лазар Јовевски.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, рече дека уште пред неколку години синдикатот предложил, а предлогот бил и поддржан од Министерството за информатичко општество и администрација, да се тргне чадорот на Министерството за финансии за менаџирање на буџетите што ги добиваат институциите, но бил експресно одбиен.

Таму имаше еден многу добар член, каде што вика „ако сме избрале некој министер, да биде министер на одредено Министерство, да му се даде можност да располага со тој буџет, што му се става на располагање“. Што значи: министерот да одлучува за вработување, за унапредување, за трошење на пари и за потпишување на евентуален колективен договор, без за тоа да бара согласност од Министерството за финансии. Се одби во рок од две секунди, дека такво нешто не може да се дозволи во рамките на работењето на државните институции. Се додека не се даде таква можност, институциите да бидат независни финансиски, од чадорот на Министерството за финансии ние ќе патиме од намалување на вработенито кадар, бидејќи заминуваат квалитетни професионалци од државните институции, рече Деаноски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе