Вести Свет Топ вести

Холандски „ловци“ пресретнале руски воени авиони во близина на Полска

Два холандски борбени авиона од типот Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во формација во близина на Полска и ги придружувале подалеку од источноевропската земја на НАТО, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Во соопштението објавено доцна синоќа, се вели дека „дотогаш сè уште неидентификуваниот авион се приближил од Калининград до полската област на одговорност во НАТО“. Руската балтичка ексклава се наоѓа меѓу Полска и Литванија, две земји кои се членки и на Северноатлантскиот договор и на Европската Унија.

Подоцна беше утврдено дека се работи за извидувачки авион Ил-20М и два ловци Су-27. Два холандски Ф-35 од далечина ги придружувале трите руски воени авиони, а потоа мисијата им ја предале на партнерите во НАТО.

Осум холандски борбени авиони Ф-35 се распоредени во Полска овој и следниот месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе