Вести Македонија

Црвениот крст собра 27,9 милиони денари, а верниците и службениците на Скопското муфтиство на ИВЗ собраа над 157 илјади евра: Хуманитарни акции за настраданите во Турција и Сирија

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Од Црвен крст на РСМ денеска соопштија дека преку нивните донаторски линии и од Фондот за солидарност заклучно со вчера се собрани вкупно 27.909.130 денари за помош за лицата кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Покрај тоа, верниците од исламска вероисповед во џамиите на скопското муфтиство за време на петочната молитва собрале повеќе од 9,6 милиони денари.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина, која вклучува зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување,  кујнски сетови, како и храна  и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош.

Од Црвен крст напоменаа дека задолжително треба сите донирани артикли да бидат нови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе